Што е буџет?
Буџетот е годишен план на приходи, други приливи и одобрени средства, кој ги вклучува основниот буџет, буџетот на дотации, буџетот на донации, буџетот на заеми и буџетот на самофинансирачки активности. Буџетите на општините се однесуваат на период од една фискална година, која изнесува 12 месеци и започнува од 1 јануари, а завршува на 31 декември. Буџетот на општините е план со кој се обезбедуваат средства (приходи) и тие средства (расходи) се користат за да се исполнат целите на општината.
Буџетот на општината се состои од општ, посебен и развоен дел. Општиот дел содржи:
- консолидиран биланс на приходи и расходи
- функционална класификација на расходите
- биланс на тековно-оперативни приходи и расходи
- биланс на капитални приходи и расходи
Во посебниот дел на буџетот се прикажани расходите според класификацијата на расходите што ја пропишува министерот за финансии, групирани според корисници и програми. Овој дел на буџетот содржи и анекси што се однесуваат на:
- финансиски планови (биланс на приходи и расходи) на јавните служби основани од општината, кои целосно или делумно се финансираат од буџетот на општината
- образложение на буџетот
Развојниот дел го содржи планот на програмите за развој на општините, кој ги содржи среднорочните проекции на одобрени средства по
- финансиски планови (биланс на приходи и расходи) на јавните служби основани од општината, кои целосно или делумно се финансираат од буџетот на општината
- години во кои тие ќе се реализираат
- извори на финансирање, односно буџети, а развојниот дел на буџетот се ревидира секоја година